Владата преку вкупно четири кредитни линии, под поволни услови, со прифатлив и разумен рок на отплата и вклучен грејс период обезбедува средства за купување, изградба или адаптација на објект во кој ќе се воспостави приватна градинка. Ова во недела го соопшти владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, при тоа додавајќи дека овие кредитни линии во определен процент можат да се користат и како обртни односно да служат за покривање на трошоците за плати, планови, развојни програми во функција на воспоставување и стопанисување со приватните градинки. Секоја од кредитните линии има свои специфики, и силни страни, што помага бизнисмените да ги димензионираат и користат според своите потреби и проценки. Се работи за поттикнување на отворање на приватни градинки и стопанисување со нив, кои во европските држави се масовно искористени и претставуваат и еден од моделите за развој на малиот и среден бизнис.
Владата преку вкупно четири кредитни линии, под поволни услови, со прифатлив и разумен рок на отплата и вклучен грејс период обезбедува средства за купување, изградба или адаптација на објект во кој ќе се воспостави приватна градинка.
Ова во недела го соопшти владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, при тоа додавајќи дека овие кредитни линии во определен процент можат да се користат и како обртни односно да служат за покривање на трошоците за плати, планови, развојни програми во функција на воспоставување и стопанисување со приватните градинки.
„Секоја од кредитните линии има свои специфики, и силни страни, што помага бизнисмените да ги димензионираат и користат според своите потреби и проценки. Се работи за поттикнување на отворање на приватни градинки и стопанисување со нив, кои во европските држави се масовно искористени и претставуваат и еден од моделите за развој на малиот и среден бизнис", рече Ѓорѓиев.
1. ЕИБ - кредитна линија- МСП инвестиционен кредит
Централна информација е дека Владата, во соработка со МБПР и Европската инвестициска банка, обезбеди преостанатите средства од евтината и поволна трета кредитна транша од 100 милиони евра, да може да се користат како средства за основање, изградба и стопанисување со приватните градинки. Исто така, и од четвртата транша на оваа кредитна линија која е веќе договорена ќе може да се користат средства за оваа намена. МБПР има определен квантум на средства кои приоритетно ќе се алоцираат за ваков вид на поддршка. Минималниот износ на средства кои крајниот корисник може да го искористи е 10 000 евра, а максималниот износ е 3 500 000 евра, со рок на отплата до 8 години и вклучен грејс период до 24 месеци.
Овие средства може да се искористат за обезбедување на материјални средства, во смисла на недвижности-купување, изградба и адаптација на приватната градинка, опрема потребна за функционирање, и обртни средства не повеќе од 30% од вредноста на кредитот, како и инвестиции во нематеријални средства развој, планирање и финансирање во фаза на конструкција, како и трошоци на плати и останато. Каматната стапка е 5.5% годишно, која е фиксна во целиот период, и која државата ја субвенционира. Оваа кредитна линија е најповолната која постои воопшто во бизнисот во овој период, обезбедува стабилност и предвидливост.
2. Инвестициска кредитна линија РФ (Револвинг фонд од Италијанската стокова кредитна линија)
Износот на кредитот за крајниот корисник се движи од минималниот износ 50 000 евра, а максималниот износ 400 000 евра. Рокот за отплата е 6 години, вклучителен грејс период до 12 месеци, со крајна каматна стапка од 6% годишно. Намената за користење на овие средства е набавка или изградба на постојани средства вклучително и купување, изградба и адаптација на приватни градинки и за обртни средства.
Предноста на овој инструмент е тоа што може да се повлече за релативно кратко време, средствата се оперативни и веќе се на сметки на МБПР.
3. Посебен Кредитен Фонд кредитна линија со гарантна шема
Износот на кредит за крајниот корисник се движи од 10 000 евра-минимален износ до 300 000 евра максималниот износ. Рокот на отплата е до 8 години, со грејс период 12 месеци, а ако крајниот рок е до 3 години тогаш максималниот вклучен грејс период е до 6 месеци.
Намената за користење на овие средства е набавка или изградба на постојани средства вклучително и купување, изградба и адаптација на приватни градинки и за обртни средства до 30% од вредноста на кредитот.
Крајната каматна стапка е максимум 6,75%.
Предноста на овој инструмент е тоа што во случај на неможност за поврат на кредитните средства од страна на корисникот државата отплаќа значаен дел од кредитот, што овозможува комерцијалните банки полесно да одобруваат кредити.
4. МСП-МБПР кредитна линија
Минималниот износ на кредит е 15 000 евра, а максималниот 500 000 евра.
Рокот на отплата е до 8 години, со вклучен грејс период до 12 месеци и максимална крајна каматна стапка 6,5%.
Намената за користење на овие средства е набавка или изградба на постојани средства вклучително и купување, изградба и адаптација на приватни градинки и за обртни средства до 50% од вредноста на кредитот.
Предноста на инструментот е што директно се аплицира кај МБПР и по правило полесно се добиваат средствата, и оваа за разлика од претходните три кои се девизни, е денарска кредитна линија, како и можноста за користење на средствата од кредитот за обртни средства во висина од 50%.